Зеленски: Договорот за Газа е добар моментум за завршување на војната во Украина, ни треба мир
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнувањето мировен договор за Газа на почетокот од нивниот состанок денеска, велејќи дека тоа би можело да биде „моментум“ за завршување на војната во Украина.
На отворањето на работниот ручек во Белата куќа со американскиот претседател, Зеленски денеска изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин „не е подготвен“ за мир, но изрази „увереност“ дека со помош и ангажман на Трамп „оваа војна може да се запре“, објави Си-Ен-Ен.
На прашањето на новинарите дали е подготвен да направи отстапки за да се заврши војната во Украина, Зеленски рече дека пред сè „треба да седнеме и да разговараме“.
„Втората точка, ни треба прекин на огнот. Дури и сега гледате на Блискиот Исток дека е многу тешко да се одржи прекин на огнот“, рече Зеленски.
Тој додаде дека е „подготвен да разговара во кој било формат“.
„Билатерално, трилатерално: не е важно. Само мир. Тоа е важно“, нагласи Зеленски.
Тој рече дека обезбедувањето билатерални безбедносни гаранции со Соединетите Американски Држави е „најважниот документ бидејќи САД се многу силни“, според Си-Ен-Ен.
Украинскиот претседател денеска изјави и дека американските енергетски компании се „подготвени да помогнат“ на Украина по неодамнешните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура.
„Имав добра можност да се сретнам со големи американски енергетски компании и тие се подготвени да ни помогнат“, рече Зеленски на прес-конференцијата со Трамп во Белата куќа.
Зеленски денеска се сретна со Трамп, кој го пречека пред Белата куќа во Вашингтон, што е нивна трета средба оваа година.
МИА
Ново на Сител
-
Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена
-
Костадинов бара заминување на раководството на СДСМ
-
Николоски: ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи, Филипче да поднесе оставка
-
Во пет од десет скопски општини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство во советот
-
Кривични за две лица од Крива Паланка, се заканувале на вработени во АХВ
-
Паднаа серверите на компаниите, апликациите и социјалните мрежи кои соработуваат со „Амазон“
-
Кикбоксерите од Балканското куп првенство во Белград донесоа 42 медали