-->
-->
Зеленски бара мировна мисија на ОН во Украина
-->
Украинскиот претседател Володимир Зеленски бара поддршка од ЕУ за мировната мисија на ОН во неговата земја додека Унијата одржува итен самит во Брисел.
Зеленски ова го напиша во порака на својот профил на мрежата Телеграм.
Тој повтори и други повици како што се исклучување на Русија од платежната мрежа SWIFT и ембарго против руската нафта и гас.
– Помогнете ѝ на армијата со оружје и муниција, поддржете мировна мисија на ОН!, напиша тој.
– Нашиот народ гине за слободата на Украина и Европа. Долго чекавме на отворената врата. Прашавме за членство во НАТО – не слушнав одговор. Сега ни требаат меѓународни правни гаранции за безбедност, јасна европска перспектива и брза и конкретна акција, напиша Зеленски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари