Зеленски: Американски сателити може да гарантираат примирје во Украина
Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека евентуалното примирје со Русија може да биде надгледувано со помош на американски сателити и разузнавачки информации.
Тој додаде дека територијалните прашања биле тема на разговор меѓу американските и украинските претставници на средбата во Џеда, Саудиска Арабија, но дека за тоа е потребен дополнителен сложен дијалог.
Зеленски истакна дека ситуацијата во делот на западната руска Курска област, што е под контрола на украинската армија, е „многу сложена“, пренесуваат светските агенции.
– Ситуацијата во Курската област е очигледно многу тешка, изјави тој за АФП, пренесува Франс24.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно неделава нареди руските сили во најкраток рок да ги истиснат украинските војници од „руска територија“, што тој го наведе како услов за евентуални мировни преговори.
Началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов, изјави дека руската војска веќе вратиле контрола врз 86 отсто од територијата што првично ја зазеле украинските сили.
Во меѓувреме, претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека илјадници украински војници се опколени на фронтот и побара од Путин да им ги поштеди животите. Тој не ја спомена Курската област, но медиумите посочуваат дека тоа е единствениот дел од фронтот каде што е можно опколување.
Украинската армија ги отфрли тврдењата дека нејзини сили се опколени, оценувајќи ги како руска дезинформација. Според украинскиот Генералштаб, украинските сили се прегрупирале и зазеле поповолни одбранбени позиции.
Зеленски ја бранеше украинската офанзива во Курската област, започната во август минатата година, тврдејќи дека тоа помогнало да се одвлечат руските сили од Харковската и Сумската област, како и од Покровск, во источна Украина.
Тој исто така го обвини Путин дека саботира дипломатските напори за примирје, тврдејќи дека рускиот лидер намерно поставува неприфатливи услови. – Путин нема да ја прекине оваа војна по своја волја. Но, силата на Америка е доволна за тоа, изјави Зеленски.
Трамп, пак, ги нарече „многу охрабрувачки“ сигналите од Путин, но предупреди дека одбивањето на мировниот план би било „разочарувачко“.
Ново на Сител
-
Клековски: За само една година направиме две промени во позитивната листа , го зголемивме и бројот на ин витро постапки од 3 на 6
-
Мајор уапсен за шпионажа: Наводно доставувал информации на Русија за украинските борбени авиони
-
Над 100 луѓе се убиени во израелски напади во Појасот Газа за еден ден, соопштија здравствените власти во енклавата
-
Сиљановска-Давкова до Бирн: Ирска да продолжи да се залага за кредибилен процес на пристапување базиран на заслуги
-
Жители на Русиново остануваат на терен по синоќешниот пожар кај месноста Св Марко кој е локализиран
-
Министерот Тошковски присуствуваше на отпочнување на процесот за полагање на испит за ракување со оружје
-
Илјадници обожаватели се простија од Ози Озборн
-
Трамп воведува 25 отсто царина на индиска стока, критикувајќи ги врските со Русија