Македонија
2. May 2022 - 11:34

Зечевиќ: Рамазан Бајрам е подадената рака за меѓусебно почитување и помагање

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, на граѓаните од исламска вероисповед, како и на поглаварот на ИВЗ, Реис-ул улема Шаќир Ефенди Фетаху, им упати честитка по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам.
 
“Ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам и ви посакувам прифатен пост, здравје, спокој и благосостојба.
 
По светиот месец на постот, времето на молитва, Рамазан Бајрам претставува празник на солидарноста, меѓусебното помагање и верба во се она што е добро и правилно.
 
Рамазан Бајрам е подадената рака за соживот, за меѓусебно почитување и помагање.
 
Нашето заедништво и обединување околу вистинските човечки вредности да ја зацврстуваме секој ден како наш заеднички влог за заедничко утре и општо добро.
 
Посакувам овој голем празник да го прославите во добро здравје, мир и благосостојба со своите најблиски“ се вели во честитката на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.
 
Генерален секретар на СДСМ Миле Зечевиќ
 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

Ново на Сител