Здружните десничарски партии на протест во Рим побараа смена на владата и предвремени избори
Трите најголеми партии на италијанската десница на денешниот заеднички протест на римскиот плоштад „Дел Пополо“, го кренаа гласот „против политиката на владата“, јавуваат италијанските медиуми.
На собирот зборуваа лидерот на партијата „Лига“, Матео Салвини, лидерот на „Фратели д’ Италија“, Џорџо Мелони, и во име на партијата „Форца Италија“, потпретседателот Антонио Тајани.
Во најавата за средбата беше кажано дека тие ќе протестираат заедно, без партиски симболи и со соодветно почитување на мерките за заштита против Ковид-19, што значи на растојание меѓу учесниците. Од тие причини на плоштадот не можеше да има повеќе од 4.500 лица.
Десничарските партии се обидуваат да покажат колку се компактни, иако во последниве денови имаше несогласувања меѓу нив во врска со владините мерки за заздравување на земјата по кризата.
Запрашан зошто протестираат, лидерот на „Браќата за Италија“, Џорџо Мелони изјави дека и покрај нивните барања ништо во земјата не е сменето.
Десничарските партии, меѓутоа, одбија да учествуваат во владините „консултации“ за тоа како земјата да се опорави од пандемијата и покрај повторените повици на премиерот Конте за разговори.
Партиите „ Лига“ и „Фратели д’Италија“, повикаа на предвремени избори, а историскиот лидер на партијата „Форца Италија“, Силвио Берлускони, кој ја помина пандемијата во Ница, рече дека во случај на пад на владата на премиерот Џузепе Конте, новата влада би можела да се формира барајќи нови сојузници во постојниот парламент.
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
