Здружение на судии: Нема услови за онлајн судења
Претседателот на здружението на судии Џемали Саити смета дека нема услови судовите да спроведат онлајн судења за време на пандемијата.
- Пречка првин се процесните закони, особено во кривичните постапки, неопходно е првин нивно прилагодување. Мислам дека и судовите не располагаат со техничка опрема за спроведување на судења со употреба на интернет технологијата, изјави Саити.
Тој денеска во граѓанскиот и Кривичниот суд ги промовираше мерките за заштита од коронавирусот.
Претседателот на Основниот кривичен суд Иван Џолев рече дека и до сега судот ги спроведувал мерките. Објасни дека се врши редовна дезинфекција на судниците, се мери температура при влез во судската зграда.
- Законите се пречка да се спроведуваат онлајн судења. Кривичниот суд и не располага со доволна техничка опременост, но можеби две до три судења е возможно се прават дневно, изјави Иван Џолев, Претседател на Основен кривичен суд Скопје.
Ново на Сител
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки
-
Три недели по инцидентот со птичјиот грип, отворени вратите на зоолошката во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците