Здравствени протоколи за работа на хотелите и туристичките објекти во Грција
План за управување со сомнителен случај на Ковид-19, потребно е да имаат сите хотели и туристички објекти во Грција, согласно здравствените протоколи од Министерството за туризам, додека пак хотелите со капацитет од 50 и повеќе соби, потребно е да изработат акционен план и индивидуални протоколи за секој дел од објектот за управување со евентуален позитивен случај.
Секој туристички објект треба да одреди лице одговорно за спроведување на планот за справување со сомнителен случај на коронавирусот, како и лекар соработник.
Паралелно, предвидена е и обука на персоналот за начинот на пренесување на вирусот, за процесот за информирање на одговорните во хотелот како и гостите, за одржување на основните правила за лична хигиена итн.
Секој туристички објект треба да има архива со податоците за персоналот и гостите (име и презиме, националност, датум на пристигнување и заминување, телефонски број, мејл и сл) за доколку се појави сомнителен случај, да биде полесно пронаоѓањето на лицата кои биле во контакт.
Паралелно мора да се почитуваат и правилата за заштита на личните податоци.
На рецепција, треба да има антисептик за гостите, вработените да ја држат потребната дистанца, се препорачува да постојат информативни проспекти со основните здравствени упатства на неколку јазици, се препорачува пријавувањето и одјавувањето да биде по електронски пат, а плаќањето со картица.
Поставувањето заштитен плексиглас не е задолжително.
Во туристичките објекти и хотели, според протоколите од Министерството за здравство на Грција, се препорачува да се отстранат декоративните предмети, списанијата, каталозите, на далечинските управувачи за климите и телевизорите да се користи заштитна прекривка за една употреба, секојдневно да се проветруваат просториите и се препорачува во секоја соба да постои антисептик.
Веќе одредените, општи правила и прописи што важат за угостителските услуги, просторите за деца, за спа центрите и базените, за конференициските сали, продавниците и сл, истите важат и за конкретните делови доколку се во рамките на хотелите.
Хотелите кои работат во текот на целата година ќе се отворат на 1 јуни, додека пак останатите туристички објекти, две седмици подоцна, односно на 15 јуни 2020 година.
Во здравствените протоколи на Министерството за туризам на Грција, вклучени се и организираните кампови, кои исто така треба да имаат план за управување со сомнителен случај на Ковид-19.
Меѓу влезовите на камп приколките, шаторите и слично, треба да има растојание од пет метри и три метри странично.
Во однос на туристичките автобуси, треба да работат со 50 отсто од капацитетот, на влезот треба да има антисептик, а за сите патници за целото патувањето, задолжително е носењето маска. Се препорачува често проветрување на автобусите и темелно дезинфицирање после секое патување или на крајот од смената.
Компаниите што управуваат со автобусите потребно е да имаат план за управување со сомнителен случај на Ковид-19, доколку кај некој од патниците се појават симптоми.
Ново на Сител
-
Eнормно зголемена потрошувачката на вода, неконтролирано се полеваат бавчи и ниви
-
Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија
-
Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
-
Возел пијан и излетал од патот, приведен возач во близина на Македонска Каменица
-
Полицаец во Гостивар украл 25.000 евра и злато вредно 50.000 запленети при претреси
-
Уапсени тројца Турци во Штип, при претрес во нивниот стан најдени 123 семки канабис
-
Две физички пресметки изминатата ноќ пријавени во Тиквешијата
-
Приведен маж од радовишко, извршил обљуба врз 77-годишна жена