-->
-->
Збогум Милан, Берлускони го продаде клубот кој му донесе слава
-->
По 30 години кои му донесоа слава и успех Силвио Берлускони го продаде фудбалскиот клуб Милан.
Контроверзниот бизнисмен и поранешен италијански премиер, продажата на Милан ја потврди за италијанските медиуми.
Новинарите го сочекаа Берлускони пред една болница, по успешната операција на абдомалната аорта.
„Да сѐ е готово. Милан го продадов на кинески бизнисмени, но тоа го направив под еден услов. Во договорот стои дека Кинезите, во наредните две години ќе мора да потрошат 400 милиони евра на засилувања, со цел Милан да го вратат на шампионските патеки“, рекол Берлускони и порачал:
„Светот повторно ќе стравува од Милан“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јаневска: Нема бришење и поправање оценки во новиот е-дневник
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“, Васев не се чувствува виновен
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложена седницата за надзор на АНБ
-
Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива