Завршуваат карневалските свечености во Струмица
Во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица денеска се одржаа традиционалните тримерски обичаи. Посната трпеза ја збогатија традиционалниот бел грав, сармите, посниот чурек (погача дел од обичаите во струмичкиот регион), овошјето, алвата, а членовите на ансамблот Тримери испеаја песни со еротска содржина.
Всушност празникот Тримери е тесно врзан со струмичкиот карневал. Во минатото, вечерта пред Тримери, вереникот заедно со пријателите и роднините ставале маски и оделе во домот на вереницата (армасаната девојка).
- Нашиот карневал се базира на шеговитиот еротски принцип, народот иако во тримерски денови ( tris – meres со значење тридневен пост ) кога армасаните девојки го започнувале својот пост, кој трае се до Велигден, обично се собирале по повеќе девојќи да постат во куќата на армасаната девојка, каде биле посетувани од жени кои носеле посни јадења и боза. Затоа и не случајно во Вторник навечер започнувало маскирањето и посетата на луѓето од куќа до куќа. Таквата посета се одвивала под маска бидејќи било строго забренета комуникацијата со девојките кои тримеруват, а проследен со еротскиот елемент поради будењето и пролетта и новото раѓање на се што е во природата, објаснува Јасмина Мазгалиева, дипломиран фолклорист-етнолог.
Со вечерашниот концерт на тримерски песни кој ќе почне во 19 часот во Домот на културата, завршуваат овогодинешните карневалски свечености.
Ново на Сител
-
Коњаниците од традиционалниот Илинденски марш пристигнуваат на целта
-
Претседателката го свика Советот за безбедност - Една од темите состојбата со пожарите
-
Опозицијата бара одговорност од Власта за пожарите - Тошковски тврди државата соодветно се справува
-
Тошковски: На безобѕирните возачи во иднина ќе им се одземаат возилата
-
Тема на денот со основачите на „Илинденски марш 78-ма“
-
Пратенички прашања: Кој го издаде Македонскиот јазик и идентитет
-
Избор на претседател на ДКСК и Народен правобранител пред локалните избори
-
Коцевски не заминува од функцијата, имал премногу работа како Јавен обвинител