Завршува уредување на коритото на реката Отиња во центарот на Штип
Завршува уредувањето на коритото на реката Отиња, која поминува низ централното градско подрачје на Штип.
Советникот во кабинетот на градоначалникот на општина Штип Александар Југов на денешната прес-конференција истакна дека досега се уредени околу еден километар и 800 метри од коритото на реката, а деновиве ќе почне и уредувањето на коритото во долниот дел, односно во штипската населба Ново село, каде Отиња се влева во реката Брегалница.
- Овој проект е во завршна фаза. Во координација со вработените од ЈП „Стипион“ и ЈП „Исар“ наредните денови очекуваме проектот да заврши кај Стопанска банка, со што последната фаза останува уредување кај Ново село. Со овој проект штипјани веќе добија многу. Во овие три и пол години успеавме да го направиме коритото и успеавме да напрвиме пешачки зони, кои се користат од страна на граѓаните, рече Југов.
Тој информира дека во коритото на реката Отиња останува да се доизгради и платформата за паркирање на возилата кај Стопанска банка, која е почната.
- Општината прави напори да се реализира и оваа платформа. Откако ќе се направи проектот како ќе изгледа платформата, ќе почне и нејзината реализација, рече Југов.
Коритото на реката Отиња е долго два километри и 200 метри. Хортикултурно е уредено и изградени се пешачки патеки.
Ново на Сител
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена
-
Нов бојкот на маркетите поради високите цени
-
Растат бројките на заболени од грип - се зголемува бројот на хоспитализации
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на владата
-
Преглед на вестите од светот
-
Лажни дојави за бомби испразнија повеќе основни и средни училишта низ Македонија
-
Јавна расправа во собранието - како да се зголеми безбедноста во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет