Завршува проектот за имплементација на Директивата за индустриски емисии 2010/75/ЕУ
Во информативниот центар на ЕУ во Скопје денеска ќе биде одбележано завршувањето на Твининг проектот „Зајакнување на административниот капацитет на централно и локално ниво за транспонирање и имплементација на новата Директива за индустриски емисии 2010/75/ЕУ”.
На церемонијата најавени се обраќања на вицепремиерот за европски прашања Арбер Адеми, министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, раководителот на Одделот за инфраструктура, земјоделство и социјални политики во Делегацијата на Европска унија Мауро Ди Вероли, и на амбасадорите на Австрија и на Шпанија - Ренате Коблер и Рамон Абароа Каранза.
Проектот е финансиран од Европската унија преку ИПА со 900.000 евра, а се спроведуваше од октомври 2015 до април оваа година.
Ново на Сител
-
Папата Лав Четиринаесетти ја критикуваше американската имиграциска политика
-
Словенија, Шпанија, Холандија, Ирска и Исланд бараат „Евровизија“ да го исклучи Израел
-
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје поради одржување на протест
-
ЛШ: Ливерпул загуби од Галатасарај, втори победи за Баерн, Интер и Реал
-
Блокирана Владата на САД
-
Грција денеска парализирана од генерален штрајк
-
Трет ден кампања за Локалните избори 2025
-
Самит за дигитализација на Западен Балкан 2025 во Скопје