Завршува петтиот Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија’’
Со прогласување на најдобрите филмови, вечер во Градското кино „Милениум“ ќе биде затворено петтото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија’’.
Покрај најдобрите филмови во секоја од предвидените категории, ќе бидат соопштени и имињата на учесниците кои ќе го претставуваат „Џифони Македонија“ на фестивалот „Џифони Експириенс“ во Италија во 2018 година.
Темата на годинашно издание беше „Во магијата на киното“, а учествуваа над 700 млади од 12 држави на возраст од 10 - 18 години (јуниори, кадети и сениори) кои по одгледаните 15 играни филмови од официјалната конкуренција, како и на многу други кратки и документарни филмови, како членови на жирито ги одбраа најдобрите во секоја категорија.
Петтото издание на „Џифони Македонија“ вклучуваше и 11 работилници за филм, театар, музика, танц, повеќе придружни активности, концерти, а се одвиваше во Кинотека на Македонија и во Младинскиот културен центар.
На свеченото затворање ќе бидат претставени делата кои го создадоа младите учесници на работилниците. Дел од создадените дела од најмладите учесници ќе се продаваат по симболична цена, а собраните средства ќе бидат донирани за Домот за деца без родители „11 Октомври“.
Ново на Сител
-
Да не се јадат овошјето и зеленчукот од Трубарево, анализи на почвата да се прават и догодина, велат познавачите
-
Средба на Муцунски со помошникот државен секретар на САД за Европа
-
Тема на денот со Андон Чибишев, токсиколог
-
Директори, началници и шумочувари организирано го пустошеле Малешевието
-
13 приведени по инцидентот пред прилепската болница
-
Мицкоски очекува посуштински разговори со Софија дури по нова година
-
Минчев: Крај за партиските вработувања во Администрација, ќе се намалува за 40%
-
Ќе успеат ли политичарите да го спречат насилството врз жените?