Завршува 47. фестивал „Илинденски денови“ во Битола
Со настап на ансамбли од Чиле, Чешка, Словенија, Хрватска, Грција и од Македонија, во античкиот театар на Хераклеја Линкестис денеска завршува 47. Фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.
Од Центарот за култура-Битола, организатор и домаќин на фестивалот, информираат дека по синоќешната вечер на староградска музика и игра, следува завршна интернационална вечер и доделување на фестивалските награди и признанија.
- Посебно го истакнувам интернационалниот дел на фестивалот кој е пример и вистинска слика за тоа како треба да се чуваат и негуваат традиционалните вредности. Во таа смисла голем дел од македонските ансамбли треба да земат пример од тие играорни групи. Генерално, организацискиот одбор немаше лесна задача, но искрено им честитам за вложениот труд и одличната организација на фестивалот. Нашата критичка мисла ќе послужи за подобар квалитет и сметам дека ансамблите треба да инвестираат во инвентивноста на традиционалните вредности, рече меѓудругото Благица Илиќ, член на стручното жири, професорка во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје.
На интернационалната вечер ќе настапат АФС „Франце Маролт“ од Љубљана, Словенија, ансамблот „Филои Тис Парадосис“ од Кожани, Грција, ФА „Пол’ана“ од Брно, Чешка, КУД „Петар Прерадовиќ“ од Ѓурѓевац, Хрватска, ансамблот „Лос дел Био Био“ од Консепсион, Чиле, и ансамблот „Македонија“ од Скопје.
Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија и со поддршка на Министерството за култура.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје
-
Денот на младоста - Празникот што ги обединуваше младите во поранешна Југославија