-->
-->
Завршни зборови за судењето Вице Заев против Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски
-->
Вице Заев како стопанственик и бил познат на јавноста и давал изјави за медиуми што го прави познат за јавноста со што треба да е подготвен да трпи критики, ова во својот завршен збор пред судот го изјави Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој е тужен за клевета и навреда од братот на Премиерот Заев.
Во својот завршен збор, адвокатот на Вице Заев рече дека Николоски не успеал да ги докаже тврдењата дека братот на Премиерот со наместени тендери станува главен бизнис фактор во државата.
Заради оваа изјава, Вице Заев го тужи Николоски за клевета и навреда како и нарушување на угледот за што бара од него да му исплати 30.000 денари. Пресудата за овој случај судот ќe ја објави на 22 април.
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците