Завршна конференција за проектот „Акциска мрежа за добро владеење“
Завршна конференција за проектот „Акциска мрежа за добро владеење“, чија цел е подобрување на вклученоста на граѓанското општество во креирањето на јавното мислење, креирањето политики и учеството во механизмите за донесување одлуки, како и зголемување на капацитетите на граѓанското општество за справување со важни општествени прашања, денеска ќе се одржи во Скопје.
На конференцијата воведно обраќање ќе има евроамбасадорот Аиво Орав, а говорниците во три сесии ќе дискутираат на темите: добро владеење, корупција, транспарентност и отчетност.
Во рамките на проектот, кој е финансиран од Европската унија, доделени се 16 мали грантови на граѓански организации кои ја формираат Акциската мрежа за добро владеење, која претставува платформа за соработка на граѓански организации, неформални инцијативи и поединци кои работат на полето на доброто владеење.
Акциската мрежа се стреми кон унапредување на доброто владеење како еден од основните предуслови за демократизација на општеството и напредок во евро-атланските интеграции.
Ново на Сител
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец
-
Кога пензионираните пилоти за ер тракторите ќе се вратат на работа?
-
Традицијата продолжува - Златните денови Кратово 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Фестивалот за народни песни и инструменти викендов во Прилеп и Долнени
-
Матураните со понизок успех од лани - Просечна оценка 3,25 на државната матура
-
Таравари и Клековски во посета на Клиниката за онкологија - Нови вработувања и отворање на нови амбуланти
-
Советот на јавни обвинители против предлогот на премиерот Мицкоски за распуштање