Заврши вториот дел на Импакт фестивалот во Велес

На големата сцена на Народниот театар „ЈорданХаџи Константонов-Џинот“ во Велес во рамките на 5- тото издание на Импакт синоќа беше изведена претставата Херој 1.0 на Словенско младинско гледалишче од Љубљана, Словенија.
Претставата е во режија и концепт на Урош Каурин и Вито Вајс кои се и актерите кои настапија во претставата. Тие за својот настап добија силен аплауз од велешката публика.
Каурин и Вајс појаснија дека иако претставата е брза сепак велешката публика успеала да ги следи, а тоа на крајот се видело по аплаузот.
За претставата идејата ја создавале неколку години, а конкретно на самата претстава работеле триипол месеци.Тие сработиле поголем дел од претставата,а имале и помош од драматургот Катарина Стегнер,од видео мајсторот Борис Безич како и до Лејла Чеховина задолжена за музиката.
-Сцената на новата театарска зграда ви е прекрасна и ги има сите услови за игра. Затоа е прекрасно да се игра на ваква сцена велат наизменично Урош Каурин и Вито Вајс.
За претставата појаснуваат дека имаат една силна порака до публиката.
-Секој од нас може да биде херој и може се, само ако тоа го сака и даде својата енергија и љубов, потенцраат и Каурин и Вајс.
Тие велат дека „Импакт фестивалот“ на кој гостувале и лани со претставата „Ветер на лудоста“ е прекрасна можност за презентација на алтернативните театари и претставување на нешто ново на публиката.
Инаку како што најави Александар Ивановски директор на фестивалот по пауза од еден месец, на почетокот на ноември во рамките на Импакт фестивалот ќе се одржи и третиот дел односно вториот програмски дел.
Тој ќе ќе се состои од театарски претстави претежно од други земји и проекти кои биле презентирани на Квадриналето во Прага, од 18 до 28 јуни годинава.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028
-

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила
-

Лавров тврди дека Украинците ја нападнале резиденцијата на Путин, Зеленски негира
-

Во БиХ усвоена одлука за легализација на канабисот за медицински цели
-

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка
-

Таткото на прегазената Теодора: Барам иста правда за сите, зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години?
-

Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот - Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
