Заврши уште една богата фудбалска кариера
Еден од бразилските интернационалци кој остави печат на поновото фудбалско време секако е Рикардо Изексон дос Сантос Леите или во фудбалскиот свет познат како Кака.
Некогашната ѕвезда на Милан и Реал Мадрид одлучи на 35 години да ја заврши активната кариера и тоа во дресот на Орландо кој го носеше во МЛС лигата.
Покрај трофеите со Милан и Реал , Кака беше носител и на златната топка во 2007 година.Играчкиот пат Кака го започна во Сао Паоло, а потоа од 2003 до 2009 година играше за Милан. Подоцна помина четири години во Реал Мадрид. Од „кралскиот клуб" се врати и одигра уште една сезона во клубот од Милано, а од 2014 до 2017 беше на Флорида, поточно во МЛС клубот од Орландо.
Во кариерата освои седум клупски трофеи, највредниот со Милан во 2007 година – Лигата на Шампионите. Како „кариока" секако звезден момент го имаше во 2002 година кога победија на Мундијалот, а во 2005 и во 2009 година го освои и Купот на Конфедерациите.
За Бразил Кака одигра 92 мечеви, и постигна 29 години.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг