Заврши самитот на „Б9“ во Варшава со декларација за засилување на колективната одбрана и помошта за Украина
Самитот на „Букурешкиот формат- Б9“ во Варшава заврши вечерва со декларација која го осудува рускиот напад и војната во Украина, со ветување дека ќе и помогне на Украина онолку долго колку што и е потребно, со обврска за дополнително зајакнување на способноста на НАТО да ги одврати и колективно да ги брани источното крило, но и да се спречи дестабилизација на партнерските земји, како Босна и Херцеговина.
-Усвоена е декларација со која на соодветен јазик се потврдува посветеноста и политиката на одвраќање и одбрана. Сите се согласија дека во случај на каква било закана ќе си помогнат. Декларацијата, исто така, ја осуди руската крвава инвазија врз Украина, изјави Марцин Пшидач, советник за надворешна политика на полскиот претседател, за декларацијата потпишана од претседателите или премиерите на деветте земји членки на „букурешкиот формат“.
Пшидач нагласи дека сите тие ја потпишале острата осуда на Русија и се залагале за европската иднина на Украина.
-Лидерите на земјите од источното крило на НАТО се залагаат за политика на отворени врати на НАТО и дека местото на Украина е во Европа, рече Пшидач.
„Во согласност со Повелбата на ОН и меѓународното право, Украина го користи своето право да се брани од руската агресија со цел да ја врати целосната контрола врз својата територија во меѓународно признатите граници. Ќе продолжиме да и помагаме на Украина се додека е потребно“, се наведува во декларацијата од самитот.
Лидерите на земјите од источното крило на НАТО предупредија дека главната и непосредна закана за безбедноста на сојузниците е Русија, па се согласија дополнително да ги зајакнат одвратувачките и одбранбените капацитети на целото источно крило од Балтикот до Црното Море.
Подготвени сме и за блиска соработка и помош на нашите партнери: Молдавија, Грузија и Босна и Херцеговина, кои се најмногу изложени на дестабилизација и штетното влијание на Кремљ“, се наведува во декларацијата.
„Б9“ е регионална иницијатива на Романија и Полска чии претседатели се согласија во Варшава во 2014 година како одговор на руската анексија на Крим да ги координираат позициите за зајакнување на безбедноста на источното крило на НАТО.
Иницијативата беше официјализирана есента 2015 година, кога двете земји потпишаа заедничка декларација во Букурешт за здружување на силите за да се обезбеди посилно присуство на НАТО во регионот.
Ново на Сител
-
Аврамовска Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто
-
Деспотовски најави приговори за изборите за претседател на СДСМ
-
За ниедни пари не би пеела за партија | Лара Иванова | ПРОфесија | Sitel Podcast 049
-
Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори
-
Гувернерот на Истанбул ја забрани Парадата на гордоста, го затвори центарот на градот
-
За влез во земјава на „Табановце“ се чека два часа, на останатите премини околу еден час
-
Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево
-
Најмалку 18 лица загинаа, а 30 се ранети во три напади на жени бомбаши самоубијци во Нигерија