Заврши реконструкцијата на тоалетите во ООУ „Гоце Делчев“ Василeво

Заврши реконструкцијата на санитарниот јазол и тоалетите во ООУ „Гоце Делчев“ во Василево, финансирана од општината, Меѓународниот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и компанијата „Сокотаб“. Реконструкцијата опфати целосна електрична и водоводна инсталација, поставување врати, нов покрив, санитарии, молерофарбарски и плочкарски услуги. Буџетот на проектот е 1.100.000 денари.
- Задоволни сме што успеавме за еден месец да завршат комплетните градежни работи. Сметам дека на вистинско место ги употребивме парите за да го комплетираме овој заеднички проект, рече Димче Митрески од МЦМС.
Од „Сокотаб“ велат дека ќе останат во руралните средини каде што се и нивните кооперанти, тутунопроизводителите.
- Најважно е што ние сме присутни и помагаме во реоните каде што се нашите тутунопроизводители. Во соработка со градоначалникот помагаме на вакви школи каде што има потреба и резулатите се извонредни. Ние не се ограничуваме туку бараме нови можности каде што може да помогнеме за подобар квалитет на живот, рече Џовано Беги од „Сокотаб“.
Градоначалникот на општина Василево, Ванчо Стојанов вели дека со реконструикцијата на санитарниот јазол решиле повеќедецениски проблем.
- Ние имаме долгогодишна заедничка соработка. Денес решивме еден долгогодишен проблем. Континуирано работиме на подобрување на условите во образованието преку низа проекти, истакна Стојанов.
Ако се има предвид досегашната повеќегодишна соработка на општина Василево со МЦМС, овој проект е само продолжување на успешната приказна во која се вбројуваат оградувањето на дворот на училиштето во Нова Маала, реконструкцијата на училиштето во село Ангелци, реконструкцијата на училиштето во село Радичево како и поставувањето на системот за парно греење во истото училиштето, велат локалните власти.
Ново на Сител
-

Жената која си го одзеде животот заедно со нејзината ќерка со години пријавувала семејно насилство, вели нејзиниот брат
-

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман
-

Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
-

Димитриевски: Недозволиво е Груби да биде во куќен притвор
-

Андоновски на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори - MWC26 во Барселона
-

Реакција од ГАК по објавите во медиумите за смртта на родилката
-

Украина разгледува нова локација за преговори со Москва
-

Трамп најавува силен удар врз Иран, не исклучува испраќање копнени сили
