Loading Video...
Кошарка
11. April 2022 - 12:08

Заврши регуларниот дел од сезоната во НБА лигата

Во најсилната светска кошаркарска конкуренција, НБА лигата, заврши регуларниот дел од сезоната по што познати се екипите кои ќе настапуваат во разигрувањето. 
 
По натпреварите од Плеј-ин ќе бидат познати последните четири учесници во плеј-офот.
 
За 7-то место на истокот ќе разигруваат Бруклин и Кливленд, а поразениот од овој дуел ќе добие шанса да се бори за 8-та позиција и тоа со победникот од мечот меѓу Атланта и Кливленд.
 
Во Западната конференција, Минесота и ЛА Клиперс ќе разигруваат за 7.место, а поразениот ќе оди на мегдан на победникот од дуелот Њу Орлеанс – Сан Антонио. 
 
Плеј-ин натпреварите стартуваат на 13-ти, а плејофот на 16-ти април
 

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ПЛЕЈ-ИН  

Бруклин

Кливленд

Атланта

Шарлот

ПЛЕЈ-ОФ

(1) МАЈАМИ

(8) ?

(2) БОСТОН

(7) Бруклин / Кливленд

(3) МИЛВОКИ

(6) ЧИКАГО

(4) ФИЛАДЕЛФИЈА

(5) ТОРОНТО

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ПЛЕЈ-ИН  

Минесота

ЛА Клиперс

Њу орлеанс

Сан Антонио

ПЛЕЈ-ОФ

(1) ФЕНИКС

(8) ?

(2) МЕМФИС

(7) Минесота / ЛА Клиперс

(3) ГОЛДЕН СТЕЈТ

(6) ДЕНВЕР

(4) ДАЛАС

(5) ЈУТА