Loading Video...
Кошарка
29. March 2023 - 19:58
Антиќ уште четири години на чело на македонската кошарка
Досегашниот предводник на македонската кошарка Перо Антиќ останува уште четири години на функцијата откако доби доверба од 40 делегати кои беа дел од изборното годишно Собрание.
Антиќ во воведниот говор најави дека кошарката е во подем и главна задача на неговиот тим ќе биде да ги подобри условите но и да обезбеди нов генерален спонзор за да им се помогне на клубовите во намалувањето на трошоците:
– Ви благодарам на сите за укажаната доверба. Ветувам дека ќе работиме уште понапорно во периодот кој што следува. Веќе работиме на тоа да обезбедиме нови спонзори. Верувам дека ќе бидете пријатно изненадени, посебно прволигашите. Конечно, онака како што беше поставено во програмата, ќе добиеме спонзор на првата машка кошаркарска лига. Клубовите ќе бидат ослободени од доста трошоци и очекувам дека тоа ќе биде официјализирано за три-четири дена, – изјави Антиќ.
По добиената доверба, претседателот го објави и списокот на членови кои ќе бидат дел од Управниот одбор.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->