Заврши расправата за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот
Собранието денеска во рамките на 123-тата седница ја заврши расправата за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот со кој се предвидува вметнување на Бугарите и на уште пет етнички заедници во Преамбулата на Уставот.
Последен за збор беше пријавен координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески по чие излагање претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и најави дека за продолжувањето пратениците ќе бидат дополнително информирани.
-Констатирам дека претресот е завршен. Тука ја прекинувам работата со оваа седница, а за продолжувањето ќе бидете дополнително известени, рече Џафери.
По прекинувањето на седницата се слушаа негодувања од пратениците од опозицијата кои при носењето на дневниот ред за седницата гласаа против.
За усвојување на точката на дневен ред е неопходно да гласаат минимум 80 пратеници. Тоа е првата од вкупно трите фази неопходни за промена на Уставот. При носењето на дневниот ред на седницата 70 пратеници гласаа „за“, а 47 беа „против“. Расправата согласно Деловникот на Собранието можеше да трае 10 работни дена.
Внесувањето на Бугарите во Уставот е услов за земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија за полноправно членство во Унијата.
Ново на Сител
-

Рокас му го предаде извештајот за Македонија на Гаши
-

ЕК ги презентираше извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Предлог буџетот стигна во Собрание
-

Поради неажурноста на факултетите над 2.000 студенти од почетокот на месецот останаа без парите за оброк
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ
-

Мицкоски од Брисел: Ако ЕУ го толерира булингот на Бугарија кон Македонија, ваквите блокади ќе станат пракса
