Заврши првата фаза од регистрација на штетите од пожарите во близина на Атина, најавени мерки за помош на погодените

Тимови од Генералниот секретаријат за санирање на штетите од елементарни непогоди ја завршиле првата фаза од евиденцијата и процените на штетите во општините во областа Атика поширокиот регион на Атина, зафатени од пожарите, а паралелно се соопштени мерки за поддршка на погодените, јави дописничката на МИА од Атина.
Од 151 проверен објект, односно домови, деловни простори, магацини и слично во четирите општини, 60 објекти се окарактеризирани како опасни за употреба („црвени“), 48 се привремено несоодветни за користење, а останатите 43 претрпеле мала штета, но може да се користат.
Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција соопшти низа мерки за државна помош за погодените од пожарите, меѓу кои: првична станбена помош од 5.000 или 10.000 евра за домовите, кои претрпеа штета и се окарактеризирани како опасни за употреба или привремено несоодветни; дополнителна станбена помош во зависност од големината на штетата; субвенција за кирија, а слична е и помошта што се однесува на погодените бизниси.
Дополнително, на домаќинствата погодени од пожарот во соработка со општините ќе им биде исплатена парична помош во зависност од обемот на штетите.
Поконкретно, секое домаќинство чие главно живеалиште е погодено од пожарите ќе добие парична помош во износ од 600 евра, за покривање на нивните основни потреби, но и финансиска помош до 6.000 евра за поправка или замена на главната опрема на домаќинството.
Паралелно, предвидено е одложување на даночните обврски, но и ослободување од плаќање на специјалниот данок на сопственост на имот за сите во погодените подрачја од пожарите.
Ново на Сител
-

ПСЖ по пенали го совлада Арсенал и ја освои Лигата на шампионите.
-

ЛШ финале: ПСЖ и Арсенал играат продолженија
-

Мицкоски - Мацут: Јакнење на регионалната поврзаност, инвестициите и соработката
-

Туск по заканата на Медведев: Земјите од НАТО треба сериозно да ги сфатат руските провокации
-

Мицкоски од Нови Сад: Народот кој го чува својот јазик никогаш не останува без дом
-

19-годишен мотоциклист загина во сообраќајка во Скопје
-

Алиу: Законот ги штити децата и непушачите, усогласен е со сите засегнати страни
-

Километарски колони и доцнења на граничниот премин Евзони/ Богородица за влез во Грција
