Заврши протестот пред Владата

Заврши протестот пред Владата на Република Македонија, организиран од граѓанската иницијатива „Протестирам“ и на просторот пред Владата веќе нема ни демонстранти, ниту, пак, полицајци, а сообраќајот се одвива нормално.
Протестот, во кој немаше поголеми инциденти и помина мирно, првично почна од пред зградата на Специјалното јавно обвинителство СЈО по што демонстрантите се упатија кон Канцеларијата на претседателот Иванов и кон Собранието на Република Македонија. Силен полициски кордон ги спречи да се приближат до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а големо полициско обезбедување имаше и околу зградата на Собранието каде не им се дозволи пристап.
Демонстрантите им поделија цвеќиња на полицијаците кои го чуваа Собранието, а потоа се упатија кон плоштадот „Македонија“. Дел од нив со јајца фрлаа кон „Порта Македонија“, а на објектот се испишани и погрдни графити. Од плоштадот „Македонија“ преку Камениот Мост, се упатија кон плоштадот „Филип Втори“, но на крајот на мостот беа вратени назад од полицијата по што се упатија кон зградата на Владата.
Протестот се пресели на платото пред Владата на Република Македонија откако полицијата тоа го дозволи.
И вечерва се бараше оставка на претседателот Ѓорге Иванов, но и итно повлекување на одлуката за избори на 5 јуни, како и почнување процес за избор на експертска влада.
Ново на Сител
-

Американската војска соопшти дека ги обновила нападите врз цели во Иран
-

Ердоган на средба со Путин порача дека односите меѓу Турција и Русија се на најнапредно ниво
-

Во Србија 18 заболени од западнонилска треска, седум повеќе од претходната недела
-

Сиднеј ја регистрира најтоплата зима откако се води евиденција
-

„Сејф сити“ почна да ги лови и мотоциклистите - Детектирани девет прекршоци уште на првиот ден
-

Скопската вода безбедна за пиење и со добар квалитет
-

Нема оштетување на таблата на македонската амбасада во Софија, велат од МНРиНТ
-

Татко баран со потерница за обид за убиство, на бугарска ТВ ја брани ќерка му на која ѝ се суди за смртна сообраќајка
