Македонија
7. July 2015 - 13:28

Заврши проектот „Цел Центар на точак”

Заврши акцијата „Цел Центар на точак” за која општина Центар издвои 2,8  милиони денари, средства со кои се субвенционирани 1.047 велосипеди.

Од општина Центар се задоволни од текот на акцијата.

- Центарци покажаа голем интерес и за нецели два месеци се исполни квотата. Со минатогодишните 870 велосипеди центарци покажуваат дека сакаат поздрава животна средина и помал сообраќаен метеж, посочуваат од општина Центар.