Заврши потрагата по преживеани во Турција, почнува чистење на урнатините
Потрагата по преживеани и жртви од земјотресот што ја потресе Турција на 6 февруари е прекината, а тимовите за уривање почнаа да ги расчистуваат урнатините, соопштија денеска локалните власти.
- Напорите за пребарување и спасување се завршени во зоната на земјотресот, освен во јужните провинции Кахраманмарас и Хатај, изјави Јунус Сезер, шефот турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Сезер рече дека повеќе од 20.000 персонал продолжуваат да работат на теренот, додавајќи дека напорите за пребарување и спасување продолжуваат во речиси 40 згради.
Речиси 250.000 шатори и над 6.000 контејнери се поставени во зоната на земјотресот.
АФАД соопшти дека во „зоните на катастрофи“ што ги прогласи владата и опфаќаат 11 провинции, по првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени, потоа се случиле уште 6.040 земјотреси.
АФАД предупреди дека „исклучително е важно луѓето да бидат подалеку од оштетените објекти и да не влегуваат во нив“.
Се предупредува и на дополнителни опасности, како што се свлечишта и одрони.
Околу 105.794 објекти, кои беа проверени од турското Министерство за животна средина и урбанизам, се или уништени или толку оштетени што е неопходно да се урнат, со безбедносни мерки, од градежните екипи.
Според последните податоци, најмалку 40.689 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја потресоа јужна Турција на 6 февруари.
Ново на Сител
-
Трамп го прими Зеленски во Белата куќа
-
Тема на денот со ново избраниот декан на ФИНКИ, Петре Ламески
-
Партиски обвинувања за Еразмус+
-
Предизборни превирања во ДУИ и ВРЕДИ
-
Најмалку два потписа за кандидатура на изборите – експертите предупредуваат на хаос со изборните листи
-
Утре почнува уписот на бруцоши на УКИМ: Како напредува процесот на дигитализација?
-
Вештачката интелигенција „ги изеде“ јуниорските работни места: Како сегашните и идните студенти да се подготват за новата реалност?
-
Инженери на Македонија со иницијатива до Уставен - дали паушалните сметки за струја се законски?