Заврши оценувањето за обвинителите, изборот во текот на неделата
Советот на јавни обвинители ја заврши постапката за оценување на обвинителите кои се во трка за влез во обвинителството за организиран криминал и корупција.
Според одлуките донесени на денешната седница во конкуренција за 5-те испразнети места влегуваат сите 10 обвинители кои конкурираа на огласот кој заврши на почетокот на декември.
Од Советот информираат дека 9мина од нив биле позитивно оценети од шефовите на обвинителствата, додека за една обвинителка со негативни оценки, на денешната седница членовите на Советот одлучувале сами и и дале позитовна оценка, со оглед дека тоа им го дозволува законот.
Седница за избор на нови обвинители за организиран криминал и корупција се очекува во текот на неделата. Обвинителството на Рускоска од почетокот на месецов работи со само 8 обвинители, откако на 5мина им заврши мандатот.
Ново на Сител
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?
-
Социјалните работници ги нема во институциите
-
Охрид со бројните цркви е привлечен за туристите