Заврши јунската сесија од екстерното тестирање

Со завршување на процесот на приговори на резултатите од тестирањето на 28 јуни 2016 година заврши јунската сесија од екстерното тестирање, информира Државниот испитен центар.
Во јунската сесија биле поднесени 1.824 приговори, односно приговарано е на само 0,5 проценти од тестовите. Прифатени се 18,4 отсто, делумно прифатени се 21,2 проценти од приговорите, а 60,4 отсто од приговорите се неосновани, се наведува во соопштението на Државниот испитен центар.
Најмногу приговори се поднесени за предметите математика, македонски, информатика, биологија и природни науки, a најчесто приговарале ученици на кои им недостасува 1 или 2 бода за одлична оценка (1000 ученици).
Прашањата за кои е констатирано дека се проблематични од технички или содржински карактер, а поради кои беа и усвоени дел од приговорите, ќе бидат избришани од базата на прашања. Оваа процедура ја практикуваме од минатата година и тоа е една од причините поради кои имаме се помалку основани приговори.
Оправдано отсутните ученици, како и оние кои поради технички проблеми во училиштата не биле во можност да го завршат успешно тестирањето ќе бидат тестирани во августовската сесија која ќе се реализира на 19 и 22 август.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
