Заврши гласањето на болните од Ковид-19 во Штип
Заврши гласањето на болните од Ковид-19 и лицата кои се во изолација на територија на Општина Штип. Тимот составен од здравствени работници на адресите посочени од лицата кои се пријавиле затекнал вкупно 19, додека тројца биле хоспитализирани во штипската модуларна болница.
Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Виктор Вацев вели дека гласањето на болните и немоќни лица се уште е во тек, бидејќи неколку избирачките одбори го чекале материјалот од специјалниот здравствен тим за да продолжат и тие со активностите на терен.
МИА беше заедно со членовите на избирачкиот одбор 22 98, на гласачкото место право на глас имаат 806 избирачи, а денеска гласаа шест болни и немоќни лица.
-Наша должност како избирачки одбор е да одиме, да ги посетиме, за да си го остварат своето право на глас, вели Вера Читкушева претседател на избирачки одбор 22 98.
Меѓу првите кои ги пушти двете ливчиња во кутија беше 82-годишната Голубика Мастева, која гласаше во својот дом во старата штипска населба Исар. Порача дека е среќна што може да гласа дома, а, како што рече, додека била на нозе дотерана го посетувала своето избирачко место. Смета дека секој полнолетен граѓанин има право да гласа и да ги бира новите градоначалници и советници, кои ќе придонесат за развојот на општината.
Во Затвор-Штип денеска можат да гласаат 204 осудени лица од речиси сите општини во земјава. Заменик претседателот на избирачкиот одбор во Затвор-Штип, Валентина Даскалова вели дека избирачкото место е отворено во 7 а ќе се затвори во 19 часот.
Во Штип 139 болни и немоќни лица, 17 ковид болни и во изолација и осудениците гласаат на стариот начин, со ув ламба и спреј, а апаратите за отпечаток на прст ќе се активираат утре во 7 часот на 80 избирачки места.
Претседателот на ОИК-Штип, Виктор Вацев вели дека се е подготвено за утре, некои избирачки одбори кои гласањето ќе го спроведат во руралните средини утре во 4 часот заминуваат во придружба со полицијата, за да ги отворат избирачките места во 7 часот.
Ново на Сител
-
Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава
-
Нетанјаху: Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел
-
Талибанците го одбија барањето на Трамп за враќање на воената база Баграм во Авганистан
-
Мицкоски очекува намалување на инфлацијата во наредните месеци и нејзино сведување на 2 - 3 отсто следната година
-
Приведени двајца турски државјани, предизвикале пожар во Горно Нерези
-
Приведен возач на патот Гостивар-Кичево, престигнувал колона возила во непрегледна кривина
-
Околу 200 000 граѓани вадат документи онлајн, на uslugi.gov.mk се издаваат по 13.200 месечно
-
Над 100.000 гости на штипската ,,Пастрамалијада"