Заврши доказната постапка против екс директорот на Шутка - судењето продолжува со завршни зборови

По барање на јавната обвинителка, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје беше одложено судското рочиште против поранешниот директор на Истражниот затвор во Шутка, Филип Андов – Сокол и уште неколку вработени во затворот, обвинети за овозможување спровод на осуденици за приватни потреби.
На почетокот на денешното рочиште беа доставени листите на докази, со што заврши доказната постапка и судскиот процес требаше да продолжи со изнесување на завршни зборови. Сепак, по барање на јавната обвинителка, рочиштето беше одложено и презакажано за 26 декември.
Како што беше образложено од страна на јавната обвинителка, барањето за одлагање е заради подготовка на завршниот збор, како и поради неодложни обврски во рамки на нејзиното постапување во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
-Барам одлагање заради припрема на завршен збор, воедно имам итна работа во рамките на моето постапување во ОЈО ГОКК кое не трпи одлагање, рече обвинителката.
Андов и уште неколку вработени во затворот се обвинети дека овозможувале спровод на осуденици за приватни потреби. Претходно пред Судот тие изјавија дека не се чувствуваат виновни, додека Обвинителството дел од нив ги гони за злоупотреба на службената положба, а дел за несовесно работење во службата.
Осомничените, како што се наведува во соопштението на Обвинителството, во периодот од март до јули 2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија при вршење на нивните овластувања, при што на петмина осуденици им овозможиле погодности кои, согласно судските одлуки, не им следувале.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште
-

Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“
-

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември
-

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жители на дел од Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче
-

Божикната вечер ќе биде дождлива, а на планините ќе паѓа снег
-

Нападната 52-годишна жена во Аеродром
-

Приведен 36-годишник, физички ја нападнал неговата партнерка
-

Снегот предизвика блокади, прекини и застои во сообраќајот во Белгија и Холандија
