Заврши десетата меѓународна ликовна колонија „Скопје 2015“
Со презентација на делата на уметниците синоќа беше затворена јубилејната десетта по ред меѓународна ликовна Колонија “Скопје 2015“, која се одржа од 20 до 30 август.
- Се надевам дека престојот во Скопје дејствуваше инспиративно за вас и дека ќе се вратите во своите татковини со убави впечатоци и спомени за нашиот град, истакна градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Оваа година на своите ликовни дела свој потпис оставија десет академски ликовни уметници, припадници на различни генерации и творечки стилови, кои живеат и создаваат во различни средини, меѓу кои: Ване Костуранов, Али Синани, Петра Јовановска, Стојче и Емилија Тоциновски и Петар Попчев од Македонија, Мариана Алассеур од Р.Чешка, Фусун Чалајан од Турција, Малгорзата Јоана Каплан од Полска, Вацлав Малина од Чешка и Нејра Сабљица од Босна и Херцеговина.
Колонијата се одржа во организација на Музеј на град Скопје и хотел „Солун“, а под покровителство на Град Скопје.
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за корупциски скандал во Куманово, ЗНАМ демантира
-
Намалување на апетитот за проширување на ЕУ
-
Дали со лажни потврди за примени вакцини во Бугарија родители сакаат да ги запишаат децата во училиште?
-
500 ученици во хуманитарна трка
-
Преглед на вестите од светот
-
Хрватскиот претседател Милановиќ во официјална посета на Македонија
-
Мицкоски до полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција, чувајте ја Македонија
-
СДСМ Куманово обвинува дека Максим Димитриевски е фатен во огромна корупција