Заврши четиримесечната обука на кандидатите за полицајци од 2015
Кандидатите за полицајци кои во 2015 година ја започнаа едногодишната обука во Центарот за обука во Идризово, го завршија првиот четиримесечен модул од обуката посветен на областа на заштита на јавниот ред и мир.
Оваа прва фаза од обуката која што се состоеше од тримесечна теоретска едукација и едномесечена теренска работа во Секторите за внатрешни работи при МВР, соопшти денеска МВР, завршува со полагање на првиот тест - за мерење компетенции, и тоа практично, во реална ситуација, на работните места каде што ја изведуваат теренската обука.
Оценувачи, се посочува во соопштението, се искусни полициски службеници од сите сектори на МВР, кои секојдневно ги извршуваат работните задачи од областа на јавниот ред и мир.
Како што соопшти МВР вчера е извршено полагањето на првиот тест- мерење компетенции со практична работа од областа на јавниот ред и мир за вкупно 64 кандидати за полициски службеници од територијата која ја покрива Секторот за внатрешни Велес.
Пред кандидатите во текот на интернатската обуката претстојат уште два образовни модула – од областа на сообраќајот и гранични работи и кривично-правна материја, кои што идентично на веќе завршениот модул, се состојат од по три месеци теоретска работа и по еден месец теренска или практична едукација.
Ново на Сител
-
Дејвис куп: Македонија стартуваше со максимални 3:0 против Малта
-
Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани
-
Маринците пристигнаа во Лос Анџелес, но сè уште немаат наредба да интервенираат
-
Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11
-
Црвениот тепих од Канскиот фестивал се продава по едно евро за килограм
-
Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања
-
Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница
-
ЈСП Скопје: Средношколците имаат право на бесплатен јавен превоз за време на летниот распуст