Заврши билатералната средба Трамп – Путин во Шенџен

Претседателот на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин одржаа билатерална средба во Шенжен, Кина.
– Имаме прекрасен однос веќе многу години. Се познаваме долго време и мислам дека од ова можат да произлезат многу прекрасни работи или барем да бидат почеток. Всушност, верувам дека навистина ќе произлезат од ова, истакна Трамп.
Руската новинска агенција РИА Новости јави дека Путин му се заблагодарил на Трамп на англиски јазик.
Двајцата лидери разговараа на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), а нивната средба траеше помалку од еден час.
РИА наведува дека американската страна на средбата била претставена од државниот секретар Марко Рубио, секретарот за финансии Скот Бесент и новиот шеф на кабинетот во Белата куќа, Стивен Милер.
Додека Путин беше придружуван од учествуваа министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, советникот Јуриј Ушаков, министерот за финансии Антон Силујанов и Кирил Дмитриев – специјален претставник за економска соработка со други земји и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФДИ).
Во меѓувреме почна билатералната средба на Трамп со Шји, а набрзо е предвидена трилатерална средба, на која ќе учествува и Путин.
МИА
Ново на Сител
-

Заврши билатералната средба Трамп – Путин во Шенџен
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Запален автомобил во подземниот паркинг на К-мол во Ѓорче Петров
-

Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ се соочува со опструкции од поранешните сопственици
-

Македонските фудбалерки против Андора стартуваат во Лигата на нации
-

Руската вакцина против рак со охрабрувачки резултати кај првиот пациент, следуваат уште 120 пациенти до 2027 година
-

Вработен во ДЗС осомничен за примање поткуп од 32.000 денари, Обвинителството бара притвор
-

Вучиќ: Не можат да ме победат со аргументи, ќе се обидат да ме убијат, уапсат или лустрираат
