Заврши 43. Меѓународна ликовна колонија „Куманово 2017“
Во комплексот Пелинце синоќа свечено беше затворена 43-тата Меѓународна ликовна колонија „Куманово 2017“ на која учествуваа 19 ликовни уметници од Македонија, Србија, Романија, Турција, Франција.
Уметниците креираа 40-тина дела работени во класични техники на ликовното изразување, главно сликарство. Колонијата веќе четири децении заеднички ја организираат НУ Музеј и општина Куманово со поддршка на Министерството за култура. На синоќешното свечено затварање на колонијата во Пелинце присуствуваше и заменик министерот за култура Владимир Лазовски.
- На годишенава колонија учествуваа афирмирани уметници, од повеќе држави, оставија 40-тина дела, со што дополнително ќе го збогатат фондот на дела од колонијата кој брои повеќе од 1000 дела, изјави директорот на НУ Музеј Куманово, Богдан Таневски.
Ново на Сител
-
Македонија увезува работници, македонците на печалба во странство
-
Штафетно нуркање за мир
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема акција на Финансиската полиција, се вршат претреси во Куманово, Липково и Желино
-
Реакции по скандалот на натпреварот Брегалница - Шкупи
-
Се поголем бројот на пловила
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот