Заврши 12-тиот Фестивал на народна култура „Пображење“ - Вевчани
Синоќа на анфитеатарот во црквата Успение на Пресвета Богородица во Вевчани со звуците на македонската чалгиска музика заврши 12-тиот по ред фестивал на народна култура ,,Пображење” - Вевчани.
Пред многубројната публика со свој целовечерен концерт се претставија членовите на музичката група ,,Чалгија мерак ” кои преку изведба на стари македонски чалгиски песни и ора ја воодушевија публиката која простум стоејќи ги награди со долготраен аплауз. Во рамки на свеченото затворање беше презентирано и ликовното дело од авторот Никола Угриноски кој оваа година беше учесник во програмската содржина: ,,Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници”. Стручниот совет на фестивалот во состав: Проф.Д-р. Мирјана Мирчевска, Проф.Д-р.Даворин Трпевски, Проф.Д-р. Велика Стојкова – Серафимовска, Јовица Блажевски и Наташа Кукоска одлучиа оваа година наградата ,,Чувари на традицијата” да се додели на ДМБУЦ,,Илија Николосвки - Луј”, насока за традиционална музика и игра, при што на свеченото затворање претседателката на стручниот совет на фестивалот Проф.Д-р. Мирјана Мирчевска ја додели плакетата.
Фестивалот и оваа година е под покровителство на Министерството за култура на РС Македонија и општина Вевчани.
Ново на Сител
-
Вечерва пристигнуваат првите 8 евакуирани македонски државјани од Израел
-
Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-
Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка
-
8 македонски државјани од Израел се враќаат дома
-
Не се смирува небото на Блискиот Исток - петти ден од конфликтот помеѓу Израел и Иран
-
По посетата на кочанската болница, Алиу веќе доби барање за вработување на неопходен кадар во установата
-
Талески: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари од донации земале од осомничените од Пулс
-
3500 потписи за независна кандидатура во Скопје