Заврши 11-тиот ФНК „Пображење“ Вевчани
Синоќа на анфитеатарот во центарот на Вевчани се спушти завесата на 11-тиот по ред фестивал на народна култура Пображење Вевчани.

На свеченото затворање со своја изворна традиционална музика се претставија членовите на македонскиот изворен народен оркестар ,,Осоговски извор" од Оризари, Кочани и членовите на пејачката група при КУД,,Соко" од Инџија Р.Србија. Покрај вокалната и инструментална народна култура беше претставено делото ,,Ангел чувар на Вевчани" од ликовниот уметник проф.д-др Јане Бакревски кој учествуваше во програмската содржина: Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници.

Советот на фестивалот едногласно ја донесе одлуката за доделување на плакатета ,,Чувари на традицијата" на изворниот оркестар ,,Осоговски извор" кој ја воодушевија публиката со богатиот репертоар на изворни македоонски песни и ора од Осоговскиот крај.

- Имавме прекрасно затворање на фестивалот, вечерта беше полна со радост и емоции предизвикани најпрво од големиот празник Преображение Христово, нашата слава, а потоа од песните и ората на нашите гости од Македонија и Србија како и од ликовното дело ,,Ангелот чувар на Вевчани". Имавме одличен фестивал оваа година, многу сме задоволни и се надеваме на уште поуспешни изданија во иднина" - изјави Јасмина Бебекоска, програмски координатор на фестивалот.

КУД ,,Дримкол" од Вевчани преку реализацијата на овој фестивал уште еднаш ја потврди својата значајна улога во зачувување, негување, развој и афирмација на народната култура во нашата земја и пошироко.

Ново на Сител
-

Претседателот Абас во писмо до ОН бара повлекување на Израел од Газа и формирање палестинска држава
-

Кривична пријава за обид за разбојништво во Битола
-

Дневната програма на „Виноскоп“ одложена за утре поради врнежи
-

Владата на Тајван по предупредувањето од Трамп: Островот е независна нација
-

САД планираат да поднесат обвинение против Раул Кастро за инцидент од 1996 година
-

Најниска температура изутринава во Берово, Лазарополе и Попова Шапка
-

Шестмина убиени во сомнителен израелски напад во јужен Либан
-

Стејт департмент: Израел и Либан се согласија на 45-дневно продолжување на примирјето
