Завршена изградбата на речиси половина од автопатот Кичево - Охрид
Завршена е изградбата на речиси половина од автопатот Кичево - Охрид, долг 57 километри, со вкупна вредност од 374 милиони евра.
Увид во работите на автопатот, односно во делот на пробивањето на тунелот кај Пресека, денеска изврши лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски беше информиран дека е пробиена речиси 95 проценти од трасата.
Мисајловски посочи дека во моментов се работи на повеќе точки од автпопатот за што се ангажирани четири различки компании, а тунелите кои претставуваат најтешкиот проект од изградбата на автопатот ги работи кинеската компанија „Синохидро“.
- Изградбата на автопатот ќе значи многу за цела западна Македонија за луѓето кои патуваат од Скопја за Охрид и обратно, но ќе значи многу за охриѓани, стружани и за целиот регион. Ова беше и наше ветување кон граѓаните, а сега еве овој пат е веќе половина завршен, рече Груевски.
Мисајловски информираше дека во момемнтов се ангажирани над 1100 работници, а бројот ќе расте до 1500 согласно со градежната сезона, и дека се асфалтирани и шест километри од патот. Посочи и дека со зацртаната динамика автопатот треба да биде готов во првата половина од 2019 година.
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески истакна дека изградбата на овој автопат е од круцијално значење воопшто за Охрид за развој на туризмот, но и за економски развој на општината.
Предвидено е изградба на осум клучки со што ќе се овозможи вклучување и исклучување на автопатот. Овие клучки се договорени во разговори и по барање на локалното население, а за нивната изградба, како што посочи министерот, ќе бидат обезбедени средства од Јавното претпријатие за државни патишта.
Според Програмата на Владата, по завршувањето на автоипатот Кичево - Охрид ќе почне изградба на автопатската делница Гостивар - Кичево. Во меѓувреме, информираше Мисајловски, завршен е тендерот за реконструкција на стариот пат Гостивар - Кичево преку Стража, која ќе ги опфати и сите мостови на таа делница.
- Автопатот Гостивар - Кичево, за чија изградба се доработува проектот, е тежок терен за градба. Откако ќе биде завршена проектната документација, ќе се обезбеди финансирање и ќе почне да се гради. Овие два автопата заедно со патот Гевгелија - Демир Капија, долг 29 километри, се едни од најтешките делници за градба, рече Груевски.
Изградбта на автопатот Кичево - Охрид почна во февруари 2014 година и е еден од најголемите проекти во последните 50 години во Македонија. Автопатот е со широчина од 26 метри, а предвидена е изградба на седум мостови, 22 вијадукти, шест натпатници, 13 потпатници и еден тунел кај Пресека со должина од околу два километра.
Ново на Сител
-
Новороденче почина на Детската клиника, било донесено од Струмица со сепса добиена при породување
-
Поранешниот министер Никола Димитров објави дека бил нападнат со агресија и закани од човек кој не го познава
-
Грчките власти им забраниле на албанските новинари влез во земјата за да присуствуваат на средбата на Рама во Солун
-
Прв премиерлигашки пораз сезонава за Манчестер Сити, Ливерпул нов лидер
-
Маж со автомобил ја удрил поранешната девојка во Ѓорче Петров
-
Уапсен 54 годишен маж - Ја турнал на земја за да и ја земе чантата
-
Истрага за примање поткуп од градежна инспекторка во Куманово, судот определи триесетдневен притвор
-
Македонската кикбокс сениорска репрезентација замина на ВАКО Европското кикбокс првенство во Атина