Завршена физибилити студијата за Брзата помош, по изборите ќе следи јавна дебата

Постапката за физибилитити студијата и анализата на можностите и капацитетите на услугата „Брза помош/Pre-hospital Health Care” и домашна посета, со цел изнаоѓање најдобар модел за воспоставување на јавно-приватно партнерство заврши. Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека физибилити студијата ќе ја разгледаат заедно со сите кои имаат искуство во таквите процеси.
Од Министерството за здравство појаснија дека Друштвото за вештачења, консалтинг и обуки БАСМЕ-КТ ДОО Скопје е избрано на тендерот за изработка на физибилити студијата за можно јавно-приватно партнерство во Итната медицинска помош. Вредноста на склучениот договор изнесува 91.450 денари.
Министерот Филипче најави и други физибилити студии за друг тип јавно-приватно партнерство на многу други нивоа во здравствениот систем. Посочи дека постојат медицински установи и болници на различно ниво за кои средствата што ги троши ФЗОМ може да се искористат поефикасно и да се зголеми пристапот и квалитетот на здравствената услуга. Во овој момент, нагласи, заедно со Фондот правиме финансиска анализа на многу институции во државата, регионални болници, центри за физикална терапија и сите институции во кои има многу трошоци, а нема навистина ефикасно и ефективно работење.
– Секаде каде е можно да вложи потенцијално приватен партнер согласно искуствата од развиените земји, сметаме дека треба да се направи таква физибилити студија. Сите наши планови по завршување на претфизибилните анализи и активности заедно со Фондот сакаме да ги презентираме на дебата, за да кажеме што е тоа што ни дава мотив да мислиме дека такви проекти може значајно да го зајакнат системот, рече Филипче по отворањето на едукативната обука за ИМП и менаџирање ресурси за унапредување на здравствениот систем.
Ново на Сител
-

Сојузот на спортови на Скопје ќе ги додели традиционалните награди „13 Ноември“
-

Трамп во интервју за „Фокс Њуз“ за тужбата против Би-Би-Си: Мислам дека имам обврска да го направам тоа
-

Средба на премиерот Мицкоски со потпретседателот на ЕИБ, Роберт Де Грот и потпишување договор за соработка
-

Во Белград конференција „Western Balkans 2030“, меѓу учесниците потпретседателот на Владата Стоилковиќ, министерката Божиновска и министерот Муртезани
-

Формирањето влада во Холандија западна во ќорсокак
-

Во напади со дронови во Русија оваа година загинале 392 лица
-

Сончево, претпладне со услови за магла по одделни котлини
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде украсено како што треба да биде и како што заслужуваат нашите граѓани
