Завојуваните страни да го задржат пламенот на дијалог и самовоздржување, порачува папата Франциск

Молитви за мир, повици за прекин на конфликтите насекаде во светот, за изнаоѓање решение преку искрен и истраен дијалог меѓу страните, за помош за настрадание и за поддршка за сиромашните, упатуваше и годинава поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.
– Во ниту една војна нема вистински победници. Војните се секогаш пораз, секогаш. Никогаш нема целосна победа. Едната страна ја поразува другата, но зад неа секогаш има пораз и цена што мора да се плати, рече во една пригода папата Франциск.
Светиот Отец повика на прекин на огнот во Газа и создавање хуманитарни коридори за олеснување на страдањата на нејзините опколени жители.
Тој, исто така, повика на решение со две држави за блискоисточниот конфликт, а кажа и дека Израел има право да се брани од напади и го осуди подемот на антисемитизмот ширум светот
„Тероризмот и екстремизмот не помагаат да се реши конфликтот меѓу Израелците и Палестинците, туку водат само до омраза и суровост. На Блискиот Исток не му е потребна војна“, истакна папата Франциск.
Изрази жалење за „очајната“ ситуација во Појасот Газа, повикувајќи ги верниците да заземат само една страна во конфликтот меѓу Израел и Хамас – „страната на мирот“. Повика да се вложат сите можни напори за да се избегне хуманитарна катастрофа, пренесуваат британските медиуми.
Зборувајќи за „страшната напнатост што може да се почувствува во многу делови на светот, тој рече дека војната носи само смрт и уништување.
-Ги повикувам сите страни да го задржат пламенот на дијалог и самовоздржување и да ја отфрлат сенката на непријателство. Насилството раѓа насилство, запрете ги конфликтите“, рече папата, обраќајќи се на аџии кои се собраа на плоштадот „Свети Петар“ во Рим.
Во врска со конфликтот во Украина, 87-годишниот понтиф повика на „вистински преговори поради сè поопасната негова ескалација“ и изнаоѓање решение на кризата.
„Додека беснее лудилото на уништување и смрт и се разгорува конфликтот, поттикнувајќи ескалација која е сè поопасна за сите, го повторувам мојот повик до водачите на народот: Ве молам, не го водете човештвото во пропаст“, истакна поглаварот на Католичката црква во обраќање од прозорецот на Апостолската палата, пред околу 25.000 верници собрани на плоштадот „Свети Петар“.
Тој во божиќното обраќање пред илјадници луѓе на плоштадот рече дека се залага за крај на воените операции со нивната ужасна жетва на невини цивилни жртви и повика на решение за очајната хуманитарна ситуација со обезбедување хуманитарна помош.
-Нека има крај на поттикнувањето насилство и омраза. И нека се реши палестинското прашање преку искрен и истраен дијалог меѓу страните, поткрепен со силна политичка волја и поддршка од меѓународната заедница, рече папата.
Тој повторно го осуди „одвратниот“ напад на Хамас врз Израел на 7 октомври, кој ја поттикна војната и го повика палестинското движење да ги ослободи еврејските заложници, истовремено барајќи од Израел да дозволи подобра помош во опколената Газа.
– Човечкото срце е слабо и импулсивно, ако оружјето ни дојде при рака, порано или подоцна ќе го искористиме. И како вооопшто може да зборуваме за мир, кога постојано се зголемува производството, продажбата и трговијата со оружје?, забележа поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.
Ново на Сител
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, извршен директор на Македонски Телеком
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
-

Политички препукувања за трагедијата во Карпош, други двајца повикани во станица дека ги нападнале сопругите
-

Меџити: Вреди ќе стане партија за 2 недели
-

Владин авион утре ќе евакуира 6 лица од Египет – досега 632 Македонци побарале евакуација
