Затворска казна за уште еден обвинет кој издавал лажни пасоши

Уште еден обвинет случајот "Двојник" кој на почетокот на денешното судење призна вина, доби затворска казна. Шемседин Јашари е осуден на една година и 7 месеци затвор. Доби и забрана за извршување на професијата во следните 10 години. Осудениот веќе издржува казна затвор за друго кривично дело. Пред два дена признаа вина и затворски казни добија:
Денис Баруфи 2 год. 7 месеци;
Ален Личина 2 год. 3 месеци;
Раиф Мифтари 2 год. 3 месеци;
Ѓорѓе Велков 2 години;
Фарук Биља 6 месеци условна казна затвор.
Според судот, сторителите како овластени лица во МВР биле должни да влеваат доверба во системот, а не истите да го прекршуваат.
Со цел да прибават имотна корист, како што се наведува во пресудата, обвинетите, издавале документи со туѓ идентитет на лица со дебело криминално досие и барани со меѓународни потерници. На обвинителна клупа остануваат уште 4 лица.
Елена Милошевска
Ново на Сител
-

Мисајловски: Владината коалиција покажа дека е стабилна
-

Локални избори 2025
-

Мицкоски во посета на Брвеница и Кичево
-

Ацевски се повлече од функцијата претседател на општинската организација на СДСМ
-

Локални избори 2025
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија
-

Изборен молк
