Затворени гласачките места на парламентарните избори во Црна Гора

Во 20 часот во Црна Гора се затворени избирачките места каде граѓаните гласаа на парламентарните избори, петти по прогласувањето независност на земјата.
„Изборите беа обележани со голема излезност. До 19 часот, гласаа 74,9 проценти од гласачите“, соопшти Центарот за мониторинг и истражување.
Заокружувајќи една од 11-те листи, партии и коалиции, граѓаните на Црна Гора гласаа за 81 пратеник, колку што има црногорскиот Парламент.
Претседателот на Државната изборна комисија, Алекса Ивановиќ претходно изјави дека до ДИК не биле пријавени поголеми неправилности.
Денешните парламентарни избори се единаесетти по воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора и петти по прогласувањето на независност на земјата.
На парламентарните избори учествуваа шест коалиции и пет политички партии.
Парламентарните избори ги следеа 2.089 набљудувачи, од кои 265 се странски.
Право на глас во Црна Гора имаа 540.026 граѓани кои гласаа на 1.217 избирачки места.
Ново на Сител
-

Ние сме против ад хок зголемување на плати без раст на продуктивноста, велат од Министерството за економија
-

Тема на денот со Борис Георгиевски, Дојче Веле на македонски јазик
-

Мицкоски на средби со државни и бизнис делегации во Давос
-

Грипот и понатаму со бројки над 2000 случаи – досега три смртни случаи поради компликации од вирусот
-

Во струмичко-валандовскиот регион речиси двојно повеќе заболени од грип во однос на лани
-

Скратени часови во „Здравко Цветковски“ поради проблем со парното
-

Шилегов и Деспотовски контра Филипче, тој ги обвинува за соработка со власта
-

Застаре уште едно кривично дело на екс премиерот Груевски
