Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираа дека е затворена шахтата што беше отворена спроти Трговскиот центар Скопјанка.
-Голема благодарност до службите во општина Аеродром кои, иако не е во нивна надлежност, го решија овој проблем во интерес на безбедноста на граѓаните, посочија од ЦУК.
Од ЦУК претходно алармираа за две отворени шахти во општина Аеродром, што претставуваат опасност за граѓаните. Како што појаснија, минатата седмица преку социјалните медиуми биле пријавени две отворени шахти - едната спроти трговскиот центар „Скопјанка“, а другата веднаш по подземниот премин на булеварот „Кузман Јосифовски - Питу“, зграда број 28, пред „Спортлајф“.
Како што наведуваат од ЦУК, веднаш биле информирани надлежните од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ на Град Скопје. Оттаму им било кажано дека и двете шахти се во сопственост на станарите и деловните објекти во околните згради.
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани