-->
-->
Затворен за сообраќајот патот Удово - Валандово, магла на планинските превои
-->

На патниот правец Удово - Валандово утрово од 05:25 часот е воведена забрана за сообраќај поради излевање на Калковска Река. Сообраќајот се пренасочува на патниот правец село Марвинци - Валандово.
Според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, магла има на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека поради што видливоста е намалена до 100 метри.
На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови со остатоци на кашест снег на некои повисоки места поради што се препорачува внимателно возење.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
-

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
-

Корејскиот амбасадор Донгбае во посета на Собранието
-

Макрон го повика иранскиот претседател да ги прекине нападите и да започне искрени преговори
-

Папата Лав изјави дека војната во Иран „станува се потешка“
-

Трамп ги повика Унгарците да гласаат за Орбан
-

Променливо облачно со сончеви периоди
