Затворен за сообраќај патот од Брезница преку НП „Јасен“ до Македонски Брод
Поради пожар во целост е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница преку националниот парк „Јасен“ до Македонски Брод, соопшти ЈП „Македонијапат“.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) иформира дека до 7:00 часот на територија на цела држава има 16 пожари на отворен простор, од кои еден е активен. Тоа е пожарот на територија на општина Македонски Брод, на повеќенаменското подрачје Јасен, каде е зафатена мешана шума.
Под контрола е пожарот во општина Кичево, меѓу селата Челопеци и Миокази, каде гореше мешана шума.
Изгаснати се 14 пожари, од кои два во општина Куманово, како и во општините Босилово, Врапчиште, Тетово, Кочани, Ресен, Ново Село, Крушево, Теарце и Прилеп. Од скопскиот регион, изгаснати се пожарите во општина Сарај, кај селата Радуша и Свиларе и во село Шишево, како и пожарот во село Арачиново, општина Арачиново.
МИА
Ново на Сител
-
Приведен 29-годишник, возел со 171 километри на час на место каде е дозволено 100
-
Приведен 36-годишник, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
53-годишен кавадарчанец бил удрен од возило во неговиот двор
-
На ГП „Табановце“ приведен 21-годишник од Австрија, при гранични проверки најдена е дрога
-
Приведен 30-годишен охриѓанец, управувал возило со 1,62% промили алкохол во крвта
-
Приведен 30-годишник, возел со 125 километри на час на место каде е дозволено 50
-
Собранието почнува со редовни активности по одморот на пратениците
-
Северна Кореја тестираше нови ракети