Затворен за сообраќај дел од булеварот „Крсте Мисирков“
Градот Скопје информира дека поради асфалтирање со завршен слој на булеварот „Крсте Мисирков“, утре почнувајќи од 06 часот наутро до 05 часот на 19 септември 2021 година, потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосницата со булеварот „Кочо Рацин“, во насока од ТЦ „Мавровка“ кон „Веро Џамбо“ ќе биде комплетно затворен за сообраќај.
Како што посочуваат од Град Скопје, сообраќајот ќе се одвива еднонасочно во спротивниот правец (кај МАНУ).
– Во недела (19.09.2021 година) почнувајќи од 06 часот наутро па се до 05 часот утрото на 20.09.2021 година, комплетно затворен за сообраќај ќе биде спротивниот правец (во насока од „Веро Џамбо“ кон ТЦ „Мавровка“). Додека траат градежните работи на овој потег од булеварот Крсте Мисирков, сообраќајот ќе се одвива еднонасочно во правец од ТЦ „Мавровка“ кон „Веро Џамбо“, соопштуваат од прес-службата на Град Скопје.
Апелираат граѓаните да се придржуваат на воведениот привремен сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
