Затворен Исламски културен центар во Бремен

Германските власти затворија еден Исламски културен центар во северниот град Бремен, откако полицијата спровела истрага во сместувалишта на 12 членови на центарот, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според министерот за внатрешни работи на германската покраина Бремен, Улрих Мауер членовите на центарот се осомничени за соработка со слична исламска организација, која е забранета откако нејзини членови заминале да се борат на страната на групата Исламска држава (ИД) во Сирија.
Во акцијата во која учествувале 220 полицајци, никој не е уапсен, но се запленети мобилни телефони, компјутери, хард дискови и мемориски картички.
- Организацијата пропагирала радикализација на граѓаните и агитирала за поддршка на ИД. Тоа значи дека луѓе кои живеат во нашето соседство имат желба да станат терористи преку ноќ, изјави Мауер, кој предупреди дека луѓето кои планирале напади во Сирија можат истото да го сторат и во Германија.
Властите во Бремен во 2014 година го забранија работењето на Заедницата за култура и семејство, поради активности кои промовирале џихад и регрутирале потенцијални бомбаши-самоубијци. Најмалку шест од членовите на Заедницата загинале во редовите на ИД во Сирија.
Лани во март полцијата во Бремен уапси двајца осомничени за планирање терористички напади, но поради недостиг на докази тие подоцна беа ослободени.
Според анализите на германските власти, бројот на исламски милитанти кои од Сирија и Ирак се вратиле во Германија се зголемува и сега изнесува околу 400 луѓе, кои се под мониторинг на безбедносните служби.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
