Македонија
3. November 2015 - 8:26

Затворен автопатот од мотел „Македонија“ до Градско

Автопатот А1 на делницата од мотел „Македонија“ до Градско, од денеска до 6-ти овој месец во периодот од 5 до 18 часот ќе биде затворен за сообраќај, поради снимање на францускиот филм „А Фонд”.

Сообраќајот како и досега ќе се одвива по стариот пат кој е обележан со соодветна сигнализација.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.