Затвор за актерот кој предизвика сообраќајка во која загина хрватската ѕвезда Долорес Ламбаша
Актерот Стојан Матавуљ (54) сепак ќе мора да оди во затвор година дена за сообраќајката во која настрада неговата колешка, актерката Долорес Ламбаша.
Имено, тој е осуден зошто од небрежност на автопатот Брегана - Липовац во септември 2013 година предизвика сообраќајна несреќа во која загина актерката Долорес Лaмбаша.
Одлуката ја донесе Жупанискиот суд во Славонски Брод откако Општинското обвинителство вложи залба на првостепената санкција од 9 месеци со двегодишна условна казна.
Покрај тоа, Матавуљ во моментот на несреќата имал 0,66 промили алкохол во крвта и ќе мора да плати и 3.000 евра судски трошоци.
Трагедиајта која го шокираше Балканот се случи на 23 септември 2013 година кога Ламбаша и Матавуљ се враќале од Белград по театарска претстава. Матавуљ удрил во возилото пред него и од силината на ударот двајцата возачи завршиле во тревата. Долорес иако била врзана со појас, испаднала низ задната врата. Починала во болница неколку часа потоа, а Матавуљ се здобил со полесни повреди.
На судењето ја призна својата вина.
Ново на Сител
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори