Свет
17. May 2018 - 9:46

Застрашувачко: Торнадо ја погоди Германија - погледнете ги страшните снимки, има и повредени

Најмалку едно лице е сериозно повредено во налет на торнадо кое ја погоди областа Фирзен во западна Германија.

На социјалните мрежи се појавија снимки од застрашувачка бура.

Едно лице се здоби со тешки повреди кога врз неа паднале дебели и тешки гранки од дрво.

Во невремето некои куќи се толку оштетени што во нив може да се живее, соопштија органите од градот Фирзен - Бојсхајм.