Македонија
19. January 2021 - 11:09

Засилени акциски контроли во областа на сообраќајот, изречени вкупно 203 казни

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за користење на мобилен телефон. Изречени се 19 санкции за непочитување на брзината на движење, четири за минување на затворен семафор (црвено светло), 69 мерки за непрописно паркирани возила и 20 за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.